Вучиќ: Сит сум од игрите на ЕУ, ги поддржав браќата Македонци
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во своето обраќање до јавноста во саботата зборуваше за најактуелните теми кои ја засегаат Србија и нејзините граѓани.
– Гледам дека денеска во Србија владее голема хистерија против ЕУ. Убаво е кога можеме да гледаме телевизија и понекогаш да пцуеме, но да не заборавиме дека имаме многу пари благодарение на инвестициите и поддршката од ЕУ. Не ми беше лесно во Брисел. За усогласување на Србија според рестриктивните мерки кон Русија директно или индиректно зборуваа 16 претставници на државата. Не е лесно да се слуша и да се трпи, но тоа е нашара работа.
Претседателот на Србија, Вучиќ ги коментираше изјавите дека српската страна не соработува.
– Доста ми е од оние игри што ги играше ЕУ, а кои ги играа луѓе од регионот. Отворениот Балкан е страшно важен. На крајот ги поддржав нашите браќа и пријатели, зборувам пред сѐ за Македонците, кои чекаа одобрение од бугарскиот парламент. Големата вест тој ден од Брисел беше Украина, Балканот не беше во фокусот. Имав едно прашање на кое не можев да добијам одговор од ниту еден европски функционер. Не заборавајте само една работа. Не можете да не принудите да ја смениме преговарачката рамка. Курти сакаше да го смени, па не може. Слушајте, ќе ја препознае Србија, па да не беше смешно, ќе беше жално, вака мора да се смее човек., рече Вучиќ во врска со преговорите на релација Белград- Приштина и иницијативата Отворен Балкан, објави српски Информер. .
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…
Група од околу 20 претставници на Европскиот…
Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…