Вучиќ: Си нѐ покани во државна посета на Кина
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека кинескиот претседател Си Џинпинг го поканил наскоро да оствари државна посета на Кина.
„Си ни се обрати топло, не на вообичаениот бирократски начин. Ме покани мене како претседател и нашата делегација да оствариме државна посета на Народна Република Кина, за да можеме да постигнеме договор за краток временски период, во следните шест месеци“, рече Вучиќ. Тој рече дека со кинескиот претседател разговарал за поддршка во сите сфери на општествениот живот, соработката и инвестициите.
„Побарав инвестиции, но претседателот беше толку фер што самиот зборуваше за соработка во областа на вештачката интелигенција, роботиката и модерните технологии. Побарав и трансфер на технологија за цивилни потреби, но и за воени потреби, за разни видови производи, и верувам дека ќе постигнеме огромен напредок по ова прашање“, истакна Вучиќ. Тој истакна дека разговарале за сите инфраструктурни проекти, особено за проектот Експо, но и за воено-техничката соработка и геополитиката.
„Значи, за тоа што го чека светот, а се подразбира што го чека делот од светот од кој доаѓаме – Европа. Кина е, сакам да нагласам, најголемиот инвеститор во Србија како поединечна земја, со 7,2 милијарди евра. Имаме трговска размена од 8,5 милијарди евра, што е значително зголемување“, заклучи Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија
Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…
(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…
Пожар избувна во висока станбена зграда во…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…
Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…
Курсот на српскиот динар е стабилен, а…