Објавено на:

Вучиќ со Зеленски: Зошто да не му подадеме рака на човек кој не ја признава независноста на Косово

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека имал краток и фер разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зошто да не му подадеме рака на човек кој не ја признава независноста на Косово .

Вучиќ додаде дека луксембуршкиот премиер Ксавиер Бетел се сретнал со нив во Молдавија на самитот на Европската политичка заедница, пишува Н1 Србија.

Украина не ја призна независноста на Косово и го почитува територијалниот интегритет на Србија, исто како што Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина. Имавме краток и фер разговор, но одлуката за санкции ја носат граѓаните на Србија преку нивните лидери, изјави Вучиќ за новинарите по самитот на Европската политичка унија во Кишињев.

На прашањето дали разговарал со украинскиот претседател за воведување санкции против Москва, Вучиќ рече дека Србија ја донела својата одлука во март 2022 година и дека позицијата на земјата не може да се смени само со еден разговор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прво обраќање на Радомир Саичиќ како кандидат…

Студентската листа денеска соопшти дека академикот и…

Брнабиќ со остар испад пред изборите: „Ова…

Пратеничката на Српската напредна партија (СНС) и…

Српската полиција уапси 17-годишник во Белград со…

Српската полиција уапси седумнаесетгодишник од околината на…

Притвор до 30 дена за директорката на…

Вишиот суд во Белград одреди притвор до…

Србија ќе избира претседател на 27 декември:…

Претседателот на Народното собрание на Србија, Александар…