Вучиќ: Со изградба на нафтоводот до Унгарија Србија ќе добие поевтина нафта

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан се договорија за изградба на нафтовод до Унгарија што ќе ѝ овозможи на Србија да испорачува поевтина сурова нафта од Урал, поврзувајќи ја со нафтоводот Дружба, изјави денеска владиниот портпарол Золтан Ковач во Будимпешта.

Ковач на својот Твитер профил напиша дека Србија сега се снабдува со нафта најмногу преку нафтоводот низ Хрватска, но дека тоа „веројатно нема да биде можно во иднина поради воведените санкции“.

Претседателот Вучиќ во саботата за време на своето обраќање до јавноста изјави дека Србија, во согласност со договорот склучен со Орбан, ќе изгради нафтовод до унгарскиот град Алџо во должина до 128 километри, за да и даде на Србија друга насока на снабдување и можност да избере што е поповолно за неа.

„Нафтоводот може да чини и до 100 милиони евра, особено ако ја користиме трасата на гасоводот до Унгарија“, рече Вучиќ.

„Во однос на нафтата, особено по она што се случи во Прага, Србија нема друг нафтовод освен ЈАНАФ. Немаме нафтовод до Унгарија, што би ни значело многу, ниту на југ, до Црна Гора и Грција, бидејќи немало никакви проблеми“, рече Вучиќ.


Тој најави дека изградбата на нафтовод низ Македонија до албанското пристаниште Драч ќе се разгледува со партнери од Отворениот Балкан, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екс фудбалер од Србија уапсен во Португалија…

Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ (31), во средата,…

Србија не побара помош од ЕУ за…

Србија не го активирала Механизмот за цивилна…

Земјотрес ја погоди Србија

Земјотрес со јачина од 3 степени според…

Маѓар: Унгарија сака мир, затоа ѝ се…

Унгарија во денешниот несигурен свет има потреба…

Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…

Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…