Објавено на:

Вучиќ: Србија не е одговорна за зголемување на насилството на северот на Косово

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска демантираше дека Србија стои зад зголемувањето на насилството на северот на Косово, јави дописникот на МИА од Белград.

На прес-конференција во Ваљево, Вучиќ изјави дека „очекува многу тешки ситуации“ во наредниот период за Србите на Косово. Вучиќ рече дека „сите во светот знаат кој се обидува да ја ескалира ситуацијата“, „се знае кој се игра војна“, а „кој ги испраќа оние на кои според Резолуцијата 1244 не им е ни дозволено да постојат“, односно Косовските безбедносни сили.

Според него, Србија направила „се што може за да го зачува мирот“, но секогаш е подготвена за компромиси и разговори.

-Очекувам многу тешки ситуации во наредниот период. Очекувам многу проблеми, многу болки, бидејќи знам дека западњаците ќе дојдат со некоја генијална идеја, да ни донесат текст, каде ништо нема да не прашаат и слично. Има голема нервоза заради ситуацијата во Украина, па некои мислат дека ние треба да ја платиме цена за нивните неисполнети очекувања, рече Вучиќ.

Тој, коментирајќи ги наводите на руската новинарка Валентина Матвијенко во автоски текст, дека во Србија се подготвува „обоена револуција“, кажа дека внимателно го прочитал текстот и дека терминот „мрежноцентрични напад“ особено му делувал важен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…