Вучиќ: Србија ќе објави кои странски фактори се вмешуваат во изборниот процес

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во Врбас изјави дека државните органи ќе реагираат на „мешањето на важна земја“ во изборниот процес во Србија, што според него е направено „на најбрутален начин досега“.

На новинарско прашање што се обидува да направи Германија во Србија, со оглед на „агресивната реторика“ на германските европратеници и наводите дека Берлин врши притисок врз другите членки на ЕУ да побараат повторување на изборите во Белград, Вучиќ рече дека државните органи на Србија „изготвуваат важен документ за напливот и мешањето на важна земја“ во изборниот процес во Србија.

Верувам дека ќе биде готов за десет дена, до Нова година, а потоа пред православниот Божиќ ќе можеме да го испратиме до целиот свет, за да видат како се врши ваков вид мешање во процеси кои суверено треба да и припаѓаат на една независна држава, рече Вучиќ

Тој додаде дека тоа нема да влијае на завршувањето на изборниот процес во Србија. – Нашите избори ќе бидат завршени согласно процедурите, парламентарните избори до 30 декември, а градските избори можеби малку подоцна, појасни српскиот претседател.

Министерството за надворешни работи на Германија на 18 декември објави дека во земја со статус на кандидат за членство во Европската Унија, неприфатливи се злоупотреба на јавни ресурси, заплашување гласачи и купување гласови, како што воочиле меѓународните набљудувачи во Србија, потсетува Бета.

„Србија гласаше, но Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) пријави злоупотреба на јавни ресурси, заплашување гласачи и случаи на купување гласови. Ова е неприфатливо за земја со статус на кандидат за членство во ЕУ“, објави неодамна германското Министерство за надворешни работи на платформа Х.

Неколку часа претходно, претставници на меѓународните набљудувачки мисии во Белград изјавија дека гласачите на изборите во Србија на 17 декември можат да избираат меѓу алтернативните политички опции, но дека овој избор е „нарушен поради огромната предност на владејачката партија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Му се слошило додека пешачел – Маж…

На 11.08.2026 година во 12:50 часот во…

(Видео) Трамп игра голф опкружен со војска…

Американскиот претседател Доналд Трамп последниве недели на…

Медиуми во САД го тужат Трамп

Две американски медиумски групи го тужат претседателот…

Муцунски: Веруваме дека во рамките на нашите…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…

(Видео) Се урна американски воен хеликоптер во…

Двајца американски војници загинаа откако воен хеликоптер…