Вучиќ: Србија ќе победи, можете да сонувате за признавање на Косово
Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека предупредувањата од САД дека Србија трупа војска на границата со Косово се несразмерни, бидејќи, како тврди тој, бројот на српски војници на терен се намалува.
Минатата година имавме 14.000 луѓе во близина на административната линија, денеска имаме 7.500 и тоа ќе го намалиме на 4.000, кажа Вучиќ во интервју за „Фајненшл Тајмс“.
Српскиот претседател вели дека е „чиста лага“ дека Србија праќа војска на границата.
Србија од тоа не би имала корист бидејќи тоа ќе ја загрози нејзината позиција во преговорите со Приштина под покровителство на Европската унија – вели Вучиќ.
Тој додаде дека сите можат само да сонуваат за признавање на Косово.
Вчера, советникот на национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби кажа дека Србија распоредила голем број тенкови и артилерија на границата со Косово. Тој го опиша ова распоредување како „многу дестабилизирачки чекор“ и ја повика Србија да ги повлече трупите.
Во Косово се зголемија тензиите откако 30 вооружени Срби влегоа во косовското село Бањска минатиот викенд. Косовски полицаец и тројца од напаѓачите загинаа во вооружена пресметка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени високи полициски функционери во Србија: Истрага…
Началникот на Управата за криминалистичка полиција (УКП)…
Директорот на Радио-телевизијата на Војводина поднесе оставка
Генералниот директор на Радио-телевизијата на Војводина (РТВ),…
Брнабиќ: Повикам на мир, мнозинството да преземе…
Вршителката на должноста претседател на Република Србија,…
Студентите во Србија најавуваат специјален суд и…
По изборната победа во Србија, студентското движење…
Србин осомничен за тероризам, со соучесник ги…
Литванските власти соопштија дека двајца осомничени за…