Објавено на:

Вучиќ утре на средба со Макрон, посетата најавена како многу значајна за Србија

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре во Париз ќе се сретне со претседателот на Франција, Емануел Макрон, посета најавена како многу значајна за Србија. На средбата ќе се разговара за зајакнувањето на билатералната соработка, Косово, Сребреница, нуклеарната енергија, купување 12 борбени авиони „Рафал“, како и на други теми.

Ќе побарам од претседателот Макрон да земе предвид се што разговаравме, но и да ги земе предвид меѓународните норми на јавното право, особено обврската за формирање Заедница на српски општини. Знам дека Франција ја поддржува независноста на Косово, но мене ми останува да прашам, рече Вучиќ.

Една од темите, како што јавува дописникот на МИА од Белград, ќе биде изградба на големи и мали нуклеарни централи.

Франција е најголемата европска нуклеарна енергетска сила. 70 отсто од електричната енергија добива од нуклеарна енергија. Сакам да знаете дека до 2050 година ќе трошиме четири пати повеќе електрична енергија отколку денес. Што и да правиме, немаме шанси ако не почнеме брзо да го решаваме тој проблем, а тоа е  можно само со изградба на големи и мали нуклеарни централи, рече Вучиќ.

Покрај дискусијата за нуклеарната енергија, Вучиќ најави дека во Франција ќе се разговара за наменската индустрија, купувањето на 12 нови француски воени авиони „Рафал“ и друга опрема.

Францускиот весник „Фигаро“ пишува дека Макрон и Вучиќ в понеделник во Елисејската палата ќе разговараат за интеграцијата на Србија во ЕУ и односите меѓу Белград и Приштина. Весникот наведува дека  во оваа прилика Макрон „ќе ја потврди својата посветеност и целосна поддршка за европската интеграција на Србија“ и „дека нормализацијата на односите со Косово е составен дел од процесот на пристапување во ЕУ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…

Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…

Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…

Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…

Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…