Вучиќ утре ќе разговара со високи претставници на Белата куќа и рускиот амбасадор во Србија

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ по вечерашната средба со претставници на Квинт и на ЕУ ќе разговара со високи претставници на администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден, во врска со одлуката на властите во Приштина да го активираат указот за укинување на динарот на Косово, објави Новости.
Според неофицијалните информации на Новости, шефот на државата вечерва разговарал и со двајца европски лидери.

Како што соопштија од кабинетот на српскиот претседател, за утре е закажана средба со рускиот амбасадор во Белград Александар Боцан-Харченко.

По оваа интензивна дипломатска активност, предизвикана од одлуката на владата на Албин Курти, која се заканува да поттикне бран на иселување на српскиот народ од Косово, се очекува Вучиќ во наредните ден-два да и се обрати на јавноста и да ги информира граѓаните за најважните детали од разговорите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…