ВУЧИЌ ЦЕЛА НОЌ РАЗГОВАРАЛ СО СРБИТЕ НА КОСОВО, УТРЕ СЕДНИЦА НА ВЛАДА – Наредните часови ќе бидат најтешки во последните 10 години
Разговорите на српскиот претседател Александар Вучиќ со косовските Срби траеле цела ноќ, а еден од заклучоците по средбите е дека следните 72 часа ќе бидат најтешките во последните 10 години кога е во прашање Косово, дознава „Блиц“.
– Во живо и телефонски разговорите траеја до 5:30 часот утринава. Србите се револтирани. Последната капка беше разрешувањето на регионалниот директор на Северна Митровица, Ненад Ѓуриќ, за што Албин Курти нема ингеренции. Не може да се замени – вели извор на „Блиц“ запознаен со деталите од разговорот.
Според соговорник на Блиц, Курти вчера изјавил дека не го интересира Заедницата на српски општини.
– Србите сакаат да ги напуштат сите институции бидејќи немаат каде да одат – вели нашиот соговорник.
Според информациите на „Блиц“ за в сабота е закажана седница на Владата на Србија на која ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тој ќе ги информира членовите на Владата за состојбата на Косово.
Низа средби ќе имаат и Србите од Косово, а во сабота се очекува голем собир во Косовска Митровица каде на народот ќе им го откријат својот план.
– Ова ќе бидат најтешките 72 часа во последните 10 години, а во следните неколку дена многу работи ќе станат појасни – заклучува соговорник на Блиц.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителите од Кочани официјално побараа средба со…
Семејствата и родителите на починатите во пожарот…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…
Евростат со поразителни податоци за Македонија: Втора…
Согласно најновите податоци на Европската агенција за…
Полицаец издавал службени тајни од МВР по…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Левица предлага намалување на работното време од…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…