Вучиќ јасен: Нема да има никакво признавање на независноста на Косово

t

Во говорот Вучиќ уште еднаш повтори дека нема да има никакво признавање на независноста на Косово, но додаде и дека мора да се работи за деескалација на тензиите кои изминатиот период се засилуваат. Според него, на северот од Косово постои континуирана кампања за застрашување на српското население, а работа на политичарите од двете страни како што кажа тој е да не дозволат насилство.

-Со Косово и Метохија, таму, на тој наш простор, заеднички и српски и албански треба да пронајдеме живот. Живот за србите, и ништо помалку живот за албанците. Тоа е навистина тешка задача. Баш толку колку што животот е потежок од смртта, но е задача која мораме да ја завршиме за да преживееме, да опстоиме како држава и како народ. Се останато не води кон уште едно повлекување, кон уште една загуба и кон нова доза на залудни сништа кои никогаш никој нема да може да ги оствари. – Александар Вучиќ – Претседател на Србија

Во говорот Вучиќ истакна и дека не верува во никаков договор со актуелното раководство во Приштина, бидјеќи според него, косовската Влада не била заинтересирана за рационални аргументи и за почитување на меѓународното право. Причината за кризата во дијалогот Белград – Приштина пак ја префрли на како што кажа, непочитувањето на повелбата на ООН и резолуцијата 1244 од страна на западните држави. Вучиќ упати и критики кон косовскиот премиер Курти, кој пак по средбата со поранешниот висок претставник на ЕУ Питер Фејт истакна дека Косово била најдемократска земја на Западен Балкан. Односите на релација Белград – Приштина изминатиот период беа тензични и на раб на насилство, пред се, поради регистарските таблички на србите кои живеат на северот од Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три градови во БиХ урнаа рекорди –…

Босна и Херцеговина денес беше погодена од…

Рама: Планот за азил во трети земји…

Албанскиот премиер Еди Рама ја критикува политиката…

Претепан и ограбен малолетник во Струга

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М.(39),…

Израел тврди дека врховниот лидер на Иран…

Израел ќе го убиеше врховниот лидер на…

Зеленски: Потребен е силен 18-ти пакет санкции…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави…