Вучиќ ја нападна Турција: Вооружуваат лажна држава, затоа не купивме Бајрактари од нив
Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека силата на српската армија е многу поголема од косовските сили но се повеќе се опремуваат и вооружуваат, пред се со турски средства.
-Морам да им кажам на луѓето нешто што не го знаат. Турците сериозно ја вооружија КБС, која според меѓународното право не може да постои. И тие навистина не се грижат за меѓународното право. Ја градат својата војска која не треба да постои. Велат тоа се сменило со тоа што се осамостоиле. И тие се независни со право на посилниот, што произлезе од агресија. Турците им дадоа противтенковски ракети, бајрактари, влечни хаубици. Тоа е се што КБС има денес. Бајрактар до сега не е подигнат, не им е даден од НАТО. Имаат термичка оптика, со долг дострел, и мораме да бидеме многу внимателни, и да имаме соодветни средства доколку нашите луѓе се загрозени – рече Вучиќ.
-Одбивме да го купиме Бајрактар, бидејќи ѝ ги дадоа на Приштина. Нема да соработуваме со нив на тој начин. Неодамна пристигнаа кинески беспилотни летала CH-90. За пет месеци ќе добиеме до 1.000 беспилотни летала камикази што ги нарачавме на Блискиот Исток, за да одвратиме потенцијален агресор – вели претседателот Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
До 12 часот во Србија гласале 34,55…
До 12 часот гласале 34,55 отсто од…
Новинарка на N1 спречена да влезе во…
Новинарка на телевизијата N1 ги посети просториите…
Излезеноста во Србија до 11 часот е…
Според процената на ИПСОС и ЦеСИД, врз…
ПОВЕЌЕ ОД 70 ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ВО СРБИЈА:…
Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСИД)…
(Видео) Маскирани лица влегоа во кол-центар на…
Српските медиуми објавија дека во кол-центар на…