Објавено на:

Вучиќ ја обвини Украина за дојавите за лажни бомби на летовите на Ер Србија

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ, во изјава за ТВ Пинк, тврди дека разузнавањето на Украина и една земја од ЕУ стојат зад „лажните закани за бомби“ на летовите на Ер Србија во Москва.

Истакнувајќи дека овие летови продолжуваат целосно поради принципи, Вучиќ рече дека Србија е слободна земја и тие сами ќе одлучуваат.

Откако Русија и објави војна на Украина, Србија, која одлучи да не воведува санкции кон Русија, почна да добива „лажни предупредувања за бомби“ на летовите до земјата.

Според изјавата на српските власти, имаше бројни лажни закани за бомби за планираните летови до Москва и Санкт Петербург.

Додека земјите од Европската унија го затворија својот воздушен простор за Русија како санкција против руската војна против Украина, српската национална авиокомпанија Ер Србија почна да врши летови до Русија со поголеми авиони и го зголеми бројот на летови.

Во изјавата на Твитер, заменик-министерката за надворешни работи на Украина, Емине Џепар, нагласи дека „Ер Србија“ ги удвои своите летови до Москва во периодот кога членките на Европската унија (ЕУ) ги прекинаа летовите кон Русија и го затворија својот воздушен простор за руските авиони.

По притисокот, српскиот претседател Александар Вучиќ во изјава за телевизија Пинк за претстојните претседателски избори изјави дека бројот на дневни летови од главниот град Белград до Русија е намален на еден.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД одобрија можна продажба на опрема за…

Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…

Видео: Украински пилот со авионски топ собори…

Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…

Русите го нападнаа Криви Рих, убиени се…

Две лица, меѓу кои и седумгодишно момче,…

Неидентификуван објект паднал во Полска по рускиот…

Полските безбедносни служби истражуваат пад на неидентификуван…

Унгарија ќе го повлече ветото за отворање…

Унгарија се очекува да го повлече ветото…