Вучиќ ја повика научната заедница да го каже своето мислење за проектот „Јадар“ во Србија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека одлуката за експлоатација на литиум нема да биде донесена без ставовите на научната заедница, наведувајќи дека таа мора да се заснова на дискусија, знаење и факти.
Вучиќ учествуваше на состанокот на претставници на научната заедница посветен на проектот „Јадар“ на компанијата Рио Тинто, пренесува агенцијата Бета.
Тој побара од научниците да не се кријат, туку јасно да изнесат став заснован на факти, наведувајќи дека се работи за граѓанска храброст, но и обврска која секој ја има кон државата.
„Сакав да присуствувам на состанокот за да ве поканам да ја извршите вашата граѓанска должност во однос на проектот „Јадар“, што значи да не бидете на страната што е за или против априори, туку да постапите во согласност со вашето знаење“ изјави Вучиќ.
Според него, темата за литиумот е речиси забранета, „бидејќи секој се плаши да каже што мисли“, наведувајќи дека не го разбира односот на некои луѓе кои со години се платени од државата како научници.
„Бидете објективни, професионални, за да може огромното знаење што го имате да го искористи и примени државата. Ве замолувам да учествувате во разговорот и каде и да сте поканети на разговор, да одите со луѓе кои мислат поинаку – на која било страна , без разлика дали се за или против проектот, да го слушаат народот“, рече Вучиќ.
„Во интерес на државата е да продолжи со реиндустријализацијата, но тоа не смее да биде по цена на здравјето на ниту еден човек“, рече Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…
Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…
НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…
Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…
ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…
Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…
ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…
Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…