Вучиќ: Ќе имаме разговори за санкции против НИС и со Американците и со Русите
Српскиот претседател Александар Вучиќ по синоќешниот состанок со претставници на Безбедносно-разузнавачката агенција (БИА) за информациите дека САД и други земји ќе воведат санкции за Нафтената индустрија на Србија (НИС), најави дека веќе денеска „ќе започне разговори со Американците, Русите и сите други.”
„На средбата со БИА разговаравме за тоа што успеавме да добиеме како официјална информација дека ќе бидат воведени санкции кон НИС од страна на САД и некои други земји и како и на кој начин треба да се однесуваме, како да се однесуваме и да обезбедиме сигурност за граѓаните на Србија“, објави тој на Инстаграм.
„Ќе постапиме соодветно и штом утре ќе започнеме разговори со Американците, Русите и сите останати“, рече Вучиќ во видео обраќањето.
Тој наведе дека тема на средбата биле и „хибридните закани за земјата“, и дека „потребно е единство повеќе од кога било“ и побара од студентите и професорите да се вратат во училниците.
„Разговаравме и за хибридни закани за нашата земја и затоа сакам да кажам дека на Србија и треба единство повеќе од кога било…Го замолувам сите наши студенти и нивните професори да се вратат во училниците, амфитеатрите, да го направат тоа што е нивна одговорност и нивна обврска. Имаа барања, барањата се исполнети“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меланија Трамп повика на трајно примирје во…
Првата дама на САД, Меланија Трамп, денеска…
Муцунски оствари средба со Варнс: Фокус на…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…
Мелони предупредува: Европа ризикува да остане без…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони предупреди дека Европската…
МВР: За само пет дена 25 пријави…
Во периодот од 1 до 5 ноември,…
НАРОДНАТА БАНКА СО ДЕТАЛИ ЗА ТРАНСАКЦИИТЕ НА…
Народната банка на Македонија денеска, 5 ноември,…