Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 27 септември
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека на 27 септември ќе поднесе оставка од функцијата претседател на Република Србија.
„Да ве известам, на 27 септември ќе поднесам оставка од функцијата претседател. Таа вечер ќе му се обратам на народот и ќе му се заблагодарам за поддршката. Исто така, бев претседател на Републиката најдолго време откако во нашата земја е воспоставен повеќепартискиот систем. Тоа не можев да го постигнам без граѓаните на оваа земја. Единственото што можам да го кажам е дека верно ѝ служев на Србија, верно им служев на граѓаните на оваа земја – верно, вредно, посветено и борбено“, рече Вучиќ за време на гостувањето на ТВ Пинк.
Тој додаде дека потоа ќе влезе во изборната кампања како обичен граѓанин.
„Набавив и пикап, имам сопствено возило. Зедов и кампер, бидејќи нема да можам да спијам секаде. Ќе одам во најоддалечените села, ќе останувам до доцна. Има уште многу села. Има илјадници и илјадници села во кои не сум бил. Сакам да ги посетам и урбаните средини, сакам да отидам во секој град, пред продавница, пред дискотека, да разговарам со луѓето“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека и како граѓанин ќе разговара со сите и дека нема проблем со тоа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: БУГАРИЈА ГИ ДРЖИ ВО ЗАЛОЖНИШТВО ЕВРОПСКИТЕ…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека европските перспективи…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Антропик: Вештачката интелигенција е блиску до моментот…
Американската компанија за вештачка интелигенција Антропик (Anthropic)…
Апелација донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски…
Адвокатот Сашо Дуковски кој во случајот „Меѓународен…
ДУИ бара брзи предвремени парламентарни избори!
ДУИ бара брзи предверемени избори по победата…