Вучиќ: Ќе соопштиме добри вести за Косово, некои денес, некои за седум дена

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по слетувањето во Минхен изјави дека очекува напорен ден, полн со изненадувања, но дека верува дека успешно ќе се бори за интересите на Србија и дека ќе може да им соопшти добри вести на граѓаните, некои денес, а некои за седум дена, а се во врска со Косово.

Вучиќ во видеото објавено на својот Инстаграм профил додека чека да излезе од авионот, потсети дека денеска се навршуваат 15 години од прогласувањето независност на Косово.

Тој најави дека во Минхен, каде што учествува на 59. Минхенска безбедносна конференција, ќе се сретне и ќе разговара со францускиот претседател Емануел Макрон и со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Покрај тие средби, Вучиќ рече дека ќе има и низа средби со светски претставници, меѓу кои државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, шефот на дипломатијата на ЕУ, Борел, министерот за надворешни работи на Велика Британија, Џејмс Клеверли, како и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Притвор за Мацура и вработени во Алта…

Вишиот суд во Белград им одреди притвор…

Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…

Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…

СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…

Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…

ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…

Вишиот суд во Белград им одреди притвор…

Ги убил синот и внукот – пронајдени…

Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…