Вучуќ приземен: Очекувам негативен одговор од КФОР за враќање на српската војска на Косово
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска во Баку дека КФОР на Косово се однесува многу покоректно од некои западни влади, иако очекува негативен одговор на барањето на Белград за враќање на до 1.000 припадници на српските сили.
„Очекувам да одговорат негативно, тие се способни да ги извршуваат своите должности и однесувањето на КФОР е покоректно од некои западни влади. Тие се однесуваат во согласност со резолуцијата 1244 на сериозен и одговорен начин, за разлика од сите други“, рече Вучиќ во одговор на прашањето на новинарите дали има анализи, што се очекува и кои се ставовите на КФОР.
Тој рече и дека претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, денеска му рекол: „Секогаш кога мислите дека се потпирате на меѓународното право, тоа е за нас малите, а за сите други постои правото на посилниот“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Притвор за Мацура и вработени во Алта…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…
Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…
СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…
Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…
ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Ги убил синот и внукот – пронајдени…
Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…