Вујовиќ: Каква Франција, каква Данска – ако играше Југославија сигурно ќе беше шампион!

t

Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија го завршија учеството на Европското првенство во ракомет веќе во групната фаза, а Хрватска и Словенија се пласираа во втората фаза. Славниот ракометар и тренер Веселин Вујовиќ тврди дека „поранешна Југославија“ денес би била ракометна велесила.

Настапот на телевизија „Н1“ во пресрет на финалето на Европското првенство во Германија, кое по голема драма заврши со победа на Франција, Вујовиќ ја „запали фантазијата“ на сите југоносталгичари велејќи дека без никакво двоумење ќе доминираа во овој спорт.

„Замислете сега Југославија да учествуваше на ЕП. Знаете ли како ќе минеа Франција и Данска на ова ЕП ако на него играше единствена селекција на Југославија? Како боси по трње. Каква југословенска лига ќе беше. Тоа е болна тема за мена. Јас сум југоносталгичар и сите го знаат тоа. Зошто Шпанец кој е роден во Баскија, Галиција или Каталонија го чувствува истото, а јас што сум роден во една земја треба да покажам мојот пасош кога одам во Хрватска, Босна, Македонија. Зошто ни се случи, само Господ знае. Се случи и не се повтори, но јас во Сараево, Цетиње, Скопје, Љубљана се чувствувам како дома“, изјави познатиот. ракометар кој најубавите денови во кариерата ги помина играјќи за Шабац Металопластика, со кого беше двократен европски првак во осумдесетите.

Вујовиќ како селектор ја водеше Југославија во 2000 година, потоа Србија и Црна Гора од 2003 до 2006 година и колапсот на државата, додека беше и на клупата на Македонија (2007), како и Словенија од 2015 до 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидерите на ЕУ го завршија самитот во…

Лидерите на ЕУ го завршија денешниот самит…

Пентагон наводно го крие извештајот за убиството…

Американскиот Пентагон се соочува со сериозни обвинувања…

Дизелот под силен ценовен притисок: Намалените резерви…

Високите цени на дизелот предупредуваат на проблем…

Црното море станува се поопасно за трговските…

Нападите со дронови врз трговски бродови во…

Во недела АЛБЕРТА ОДЛУЧУВА ЗА НЕЗАВИСНОСТ ОД…

Во канадската провинција Алберта е распишан референдум…