Вујовиќ: Лазаров можеше да избере подобри играчи за СП!

t

Репрезентацијата на Катар испушти сензационална победа против Холандија во првото коло од главната рунда на Светското ракометно првенство.

Катарците водеа речиси цел меч, но во последните секунди примија гол и останаа дури и без бод. Селекторот Веселин Вујовиќ беше разочаран од епилогот и поради начинот на кој што загуби неговата репрезентација, ѝ дава предност на Македонија за меѓусебниот дуел кој се игра в четврток.

„Ја следам Македонија веќе подолго време. На ова првенство направија сериозен исчекор кон модерен ракомет, тоа морам да го признаам. Системот и начинот на кој играат и се борат е многу добар. Можеби Кире можеше да повика некои подобри играчи од овие тука, ама мислам дека се реши да повика поперспективни, што исто така е легитимно и е голем исчекор. Добро е што имаат огромна мотивација и се борат. Не им беше лесно да играат против така дисциплиниран начин „седум на шест“ на Австрија. Мене прва желба ми е да го опоравам тимот. Целосно е поинаку кога Кузмановски ќе даде гол од петнаесет метри за победа, а друго е кога ќе примите ист таков гол за пораз. Не е исто чувството. Нема да биде лесен натпревар, ама мислам дека имам играчи кои можат да играат добра одбрана против Македонија, која не е така брза и не трча како Холанѓаните. Не би го прогнозирал исходот од натпреварот кој според мене ќе биде неизвесен, а доколку морам би ѝ дал предност на Македонија поради мотивацијата, младоста и полетноста. Ќе се трудиме да одиграме најдобро што можеме. Ако победиме – супер, а ако загубиме ќе честитам. Македонците имаат уште некаква математика дека можат да се пласираат во четвртфиналето“, рече Вујовиќ.

Натпреварот меѓу Македонија и Катар се игра во терминот од 15:30 часот и со него почнувата програмата во Вараджин в четврток.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕК го пофали напредокот, приходите над 2,1…

Царинската управа во 2025 година собрала над…

Тешко повреден пешак во Скопје, го удриле…

Вчера околу 13:40 часот на паркинг просторот…

Три месеци демнеел жена и ѝ упатувал…

26-годишен жител на Кочани се соочува со…

Стотици илјади Украинци останаа без струја по…

Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во…