Вчерашната блокада во Кочани без изјави во знак на почит кон Панчо ДНК
Вчерашната, трета по ред, блокада од страна на родителите на загинатите во дискотеката Пулс, се одвиваше без изјави, во знак на почит кон 64-тата жртва на трагедијата, вокалот на ДНК, Владимир Блажев – Панчо.
Родителите денеска по четврт пат ќе ја блокираат крстосницата во центарот на градот во знак на протест заради, како што велат, одолговлекувањето на процесот за трагедијата, кој седум месеци подоцна сеуште нема закажано прво судско рочиште. Родителите се незадоволни и од Обвинителниот акт, за кој сметаат дека не ги опфаќа сите одговорни и инволвирани во дејствијата кои довеле до трагедијата. Бараат брзо закажување на рочиште, а доколку тоа не се случи, најавуваат и блокади на булеварот пред Кривичниот суд во Скопје.
По вчерашната вест дека починал Владимир Блажев – Панчо, родителите изразија сочувство до неговото семејство:
„Со длабока тага и солзи во очите ја примивме веста за загубата на уште еден млад живот.“ – напишаа тие во своето обраќање до јавноста.
Извор: Канал 77
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сојуз на борци од Тетово: Не смее…
Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашстичка…
Две пријави за полово вознемирување на малолетнички…
Две одделни пријави поврзани со малолетнички и…
Туск: Русија подготвува ескалација во Украина и…
Полскиот премиер Доналд Туск денес во Олстин…
Зеленски ѝ нареди на армијата да лансира…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Уапсен 76 годишен дедо: Бил агресивен кон…
На 28.08.2026 во 00:30 часот во Струмица,…