Треба да се стави ред! Вчера казнети 570 возачи во Скопје: 150 за брзо возење, 22 без возачка, 4 возеле иако имале забрана

t

Согласно планот за засилени мерки во сообраќајот на подрачјето на СВР Скопје, вчера полициски службеници од СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на целата територија на СВР Скопје, при што санкционирани се вкупно 570 возачи.

-Од нив 150 се возење со брзина поголема од дозволената, 22 за управување возила без возачка дозвола, 04 возачи управувале возило со активна мерка забрана за управување моторно возило, по еден возач управувале возило под дејство на алкохол и возило со измината важност на регистрација, велат од МВР.

Сообраќајните контроли по планот продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава за охриѓанец, си оградил повеќе…

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице…

(Видео) Земјотрес од 7,2 степени го погоди…

Земјотрес со интензитет од 7,2 степени по…

САД воведоа нови санкции против Куба, насочени…

САД денес воведоа нови санкции врз Куба,…

Гори кај Никуштак: Интервенираат „ер тракторите“ на…

Во тек е интервенција на пожарот во…

„Август е проклет месец“: Путин под притисок…

Украина му го отежна животот на Владимир…