В сабота хуманитарен настан „Со љубов од Скопје ЗОО за Турција и Сирија”
В сабота 25.02.2023 година од 12 часот во ЗОО Скопје ќе се одржи хуманитарен настан со наслов „Со љубов од Скопје ЗОО за Турција и Сирија”.
Оваа сабота со поддршка од Градот Скопје, во Зоолошка градина Скопје ќе се одржи хуманитарен настан за помош на настраданите семејства во земјотресот во Турција и Сирија. Да ја покажеме солидарноста на дело и заедно да донираме и помогнеме онаму каде што е најпотребно.
Собраните средства ќе бидат префрлени на сметката за донации за настраданите во земјотресот на Црвениот Крст на Град Скопје, отворена за таа намена.
Програмскиот дел ќе го исполнат: Стела и Сани, ЗОО Азбука /ДКЦ Карпош
ќе им обраќње на спасувачи/волонтери кои помагаа во Турција, ќе даде свое учество и Градскиот мешан хор Вардар а децата ќе ги дружи и забавува Слончето Халки.Голема благодарност до нашите пријатели и соработници од МКЦ, Вива, Телеком, Халк Банка, Пелистерка, кои го поддржаа овој хуманитарен настан, како и до сите учесници.
Ве очекуваме во сабота во Скопје ЗОО и уште еднаш да покажеме дека сме хумани и солидарни!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…
Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…
ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…
Од Скопје до Приштина со воз за…