Вpие во CДCM
Врие од незадоволство во владејачкиот Социјалдемократски сојуз по доаѓањето на Димитар Ковачевски и по длабокиот пораз што им се случи на локалните избори. Ковачевски, воедно е избран и за нов мандатар за формирање на новата македонска влада.
Македонските граѓани и членовите на СДСМ кои го казнија поради лошите политики и начинот на владеење на локално и на централно ниво, очекуваа суштински промени во раководните функции како во власта така и во партијата.
Но, наместо суштински промени, со СДСМ продолжува да владее Зоран Заев. Тоа, се погласно го коментираат револтирани партиски членови. Ништо не е сменето во СДСМ, социјалдемократските вредности од минатото истите луѓе кога сами за себе велеа дека имаат плава крв сега се на чело на СДСМ.
Членовите очекуваа промени и шанса за нови, млади, некомпромитирани кадри на чело на партијата, а добија ликови од периодот на транзицијата и соработници на Заев.
Разочараните велат дека СДСМ не им пружа шанса на чесните, некомпромитирани кадри
Токму поради ова револтот кај членовите на СДСМ е огромен, до степен што негови поранешни високи функционери си заминаа од партијата и од владата, а други пак најавија формирање на нова политичка партија.
Актуелната министерка за одбрана Радмила Шекеринска нема да биде дел од новата Влада. Долгогодишната висока функционерка во СДСМ објасни дека се повлекува од „принципиелни“ причини бидејќи не се согласува со дел од политиките на нејзината партија во изминатиот период кои придонеле за пораз на локалните избори при што таа не очекува работите да се сменат. Таа потсети дека поради несогласувањата решила да се повлече и од раководството на СДСМ, каде што до последниот конгрес беше заменик-претседателка.
– Мислам, можеби сум субјективна, дека дел од тие политики со кои не се согласував придонесоа за поразот што го доживеавме на локалните избори. За жал, мојот впечаток е дека од тие лекции не научивме и дека некои од пораките на јавноста не ги слушнавме или не ги разбравме. Затоа мислам дека единственото чесно или принципиелно поведение, единствената чесна одлука би била да кажам дека нема да учествувам во следната Влада, изјави Шекеринска.
Незадоволен од кадровските решенија на СДСМ е и актуелниот пратеник, Лазе Таневски, сопственик на Хотел „Лаки“ во Охрид. Тој е незадоволен од кадровските решенија во ОО СДСМ Охрид, пренесува локалниот портал „Охридскај“, при што најавува дури и напуштање на пратеничката група.
-Доколку Димитар Ковачевски-Таче го остави Наумче Чакар за претседател на ОО СДСМ Охрид и слугите на Чакар, јас ќе бидам 61-от пратеник кој ќе се приклучи на коалицијата на ВМРО ДПМНЕ во Собранието, вели пратеникот Лазе Танески во изјавата за „Охридскај“.
Незадоволни од, навидум, промените во СДСМ се и актуелниот градоначалник на Куманово, кој на последните локални избори, немајќи ја поддршката на неговата матична партија, во изборната трка учествуваше како независен кандидат.
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и поранешниот заменик министер за образование, Петар Атанасов се споменуваат како иницијатори на нова партија на македонската политичка сцена. Ова информација за Кана 5 телевизија ја потврди и самиот Атанасов.
Во Социјалдемократскиот сојуз има се само промени не. Со партијата продолжија да раководат истите ликови од режимот на Зоран Заев, кој е надограден со транзициски ликови. Во партијата нема нови, свежи и некомпромитирани кадри, за таквите по се изгледа е затворена партиската врата, која ги задржа најверните соработници на Заев и на голема врата ги врати транзициските кадри. По се изгледа, залуден ќе биде трудот на македонските граѓани, активисти и членови на СДСМ кои го казнија на последните избори, со надеж промени да се случат, како во партијата така и во власта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…
СДСМ: И во наше време Османи сакаше…
Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…
СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…
„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…
Филипче: МВР да истражи што се случило…
Недозволиво е за една ваква сериозна работа…
СДСМ: Срамно е да има три верзии…
Јавноста е во целосна конфузија по вчерашниот…