Габриел ќе ги убедува Фон дер Лајен и Борел дека Бугарија треба да стане дел од Шенген зоната
Вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Марија Габриел на 19 и 20 јуни ќе престојува во работна посета на Брисел, информираат од Министерството за надворешни работи.
За време на посетата, Марија Габриел ќе оствари билатерални средби со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, како и со потпретседателот на Европската Комисијата, Маргаритис Схинас и со европскиот комесар за прашања на внатрешниот пазар Тиери Бретон.
Вицепремиерката и министерка за надворешни работи Марија Габриел во своите разговори ќе разговара за спроведувањето на Планот за закрепнување и одржливост, пристапувањето на Бугарија во Шенген и еврозоната, како и за актуелните теми од европската агенда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Расте бројот на загинати во верижниот судир…
Бројот на загинати во тешките верижни судири…
Бугарија вложува во модернизација на армијата: Набавува…
Бугарија презема нови чекори за модернизација на…
Бугарската опозиција бара оставка од Владата по…
Бугарската опозициска партија ГЕРБ вчера побара оставка…
Ден на жалост во Бугарија по тешката…
Владата на Бугарија го прогласи 11 ноември…
Ден на жалост во Бугарија по тешката…
Владата на Бугарија утрешниот ден ќе го…