Газа целосно остана без вода и струја?!
„Водата и струјата се целосно исклучени во Газа, купуваме вода во продавниците кои се уште се отворени, нема чиста вода за пиење, нема струја, многумина не се информирани дека треба да се евакуираат бидејќи не фрлаат летоци во сите делови на градот“, вели жител на Газа во изјава за Спутник.
– Многу граѓани немаат пристап до информации бидејќи нема струја, интернет и не знаат каде и како да одат. Многумина немаат каде да одат, два ипол милиони не можат да ги напуштат домовите за толку кратко време, да остават болни роднини и да тргнат во потрага по нов дом. Никој не знае што ќе се случи следно“, изјави за Спутник жителот на Газа Ахмад Мохамад.
Друг жител на Појасот Газа, Хикмат ал-Мисри, за Спутник изјави дека „Болницата „Ел Урдини“ се подготвува да го напушти Појасот Газа со сета своја опрема, иако тука е многу потребна. Болниците „Бејт Ханун“ и „Ел Дура“ престанаа да работат. Болницата „Ел Ауда“ вчера доби предупредување веднаш да се евакуира бидејќи ќе биде бомбардирана. Главната болница „Ел Шифа“ продолжува да работи, но има толку многу пациенти што ранетите се ставени на подот“.
На прашањето на Спутник дали добиваат хуманитарна помош, таа одговорила: „Ќе гладуваме, но нема да не скршат“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел уби висок командант на Хамас во…
Израелската армија во петокот соопшти дека убила…
22.233 ученици се регистрирани за новата учебна…
Директоратот „Текума“, задолжен за обновата на заедниците…
Нова пратка со 900 тони хуманитарна помош…
Уште една, нова пратка со 900 тони…
„Хамас“ се согласи да ја предаде власта…
„Хамас“ се согласил да ја предаде власта…
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…