Газдите исчезнале додека биле на колективен одмор: Над 50 работници од фирма во Македонија останаа без работа
Повеќе од 50 работници од штипска конфекција денеска останаа пред заклучени врати, наместо да се вратат на работните места по летниот одмор.
Сопствениците на фирмата, странски државјани – еден од Хрватска и друг од Германија – исчезнале без никакво известување, оставајќи ги вработените без исплатени плати и без никаква можност за контакт.
На вратата од конфекцијата било залепено кратко соопштение во кое се наведува дека вработените треба сами да се пријават во Агенцијата за вработување, но без никаква информација за исплата на заостанатите плати или за статусот на фирмата.
Ниту сопствениците, ниту директорката се достапни – не одговараат на телефонските повици на вработените.
„Газдите ни се Хрват и Германец, а ние немаме кому да се обратиме. Ова што не лажат дека залепиле нешто, тоа е само до кога ни е договорот, но нема на кого да се обратиме, а ние платата ја бараме од газдите и директорката, од тие што потпишуваат. Нив никаде ги нема, ниту да ни отворат, ниту да се појават“, изјавија револтирани работнички.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…