Објавено на:

Газета Експрес: Вашингтон бара продолжување на дијалогот Белград-Приштина и спроведување на постигнатите договори

t

Вашингтон бара Приштина и Белград да се вратат на напорите за создавање амбиент за дијалог, како и спроведување на договорите од процесот на дијалог, целосно и без одлагање, изјави денеска неименуван портпарол на американскиот Стејт департмент за порталот gazetaexpress.com, пренесува Бета.

Соединетите Американски Држави го поздравија отстранувањето на барикадите од северот на Косово и враќањето во функција на премините, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент запрашан за очекувањата на Вашингтон од процесот на дијалог кога ситуацијата ќе се смири.

„Американците очекуваат Косово и Србија да се вратат на напорите за промовирање на создавање поволна средина за помирување, регионална стабилност и соработка во корист на сите граѓани кои живеат во Косово и Србија“, пишува порталот.

САД бараат сите договори постигнати во рамките на процесот на дијалог да се спроведат целосно и без одлагање, пренесува Бета.

Се очекува наскоро во Приштина и во Белград да пристигнат главните советници на германскиот канцелар Олаф Шолц и на францускиот претседател Емануел Макрон за да дадат поттик на дијалогот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мелони објави дека достигнала 4 милиони следбеници…

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, денес објави…

МААЕ: Зголемено е зрачењето во нападнатиот ирански…

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) откри…

Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…

Крешник Бектеши се огласи на „Фејсбук“ од…

Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, за првпат…

Цените на нафтата паднаа по неколкудневниот раст…

Цените на нафтата паднаа по неколкудневниот раст,…