Објавено на:

Галант: Израел не планира трајно да остане во Газа

t

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека Израел нема намера трајно да остане во Појасот Газа и кажа дека се подготвени  да разговараат за алтернативи за тоа кој ќе ја контролира територијата сè додека тоа не е група непријателска кон Израел.

„Израел ќе преземе секакви мерки за да го уништи Хамас, но ние немаме намера трајно да останеме во Појасот Газа. Се грижиме само за нашата безбедност и безбедноста на нашите граѓани долж границата со Газа“, нагласи министерот.

Галант, исто така, рече дека еврејската држава е отворена за можноста за постигнување договор со либанското шиитско движење Хезболах, поддржано од Иран, но дека секој договор ќе мора да вклучи безбедна зона долж либанско-израелската граница и соодветни гаранции за заштита.

„Имаме можност за деструктивна акција и реакција со резултати како оние што ги гледаме во Газа. Претпоставувам дека Хезболах тоа го зема предвид“, нагласи израелскиот министер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…

Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

Нетанјаху се обрати: Граѓани на Израел, претстојат…

Израел ќе одговори со сила на секој…

Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…

Турција би можела да влезе во Израел…

Трамп: Да бев претседател, немаше да има…

Она на што сме сведоци во Израел…