Галант: Израел не планира трајно да остане во Газа
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека Израел нема намера трајно да остане во Појасот Газа и кажа дека се подготвени да разговараат за алтернативи за тоа кој ќе ја контролира територијата сè додека тоа не е група непријателска кон Израел.
„Израел ќе преземе секакви мерки за да го уништи Хамас, но ние немаме намера трајно да останеме во Појасот Газа. Се грижиме само за нашата безбедност и безбедноста на нашите граѓани долж границата со Газа“, нагласи министерот.
Галант, исто така, рече дека еврејската држава е отворена за можноста за постигнување договор со либанското шиитско движење Хезболах, поддржано од Иран, но дека секој договор ќе мора да вклучи безбедна зона долж либанско-израелската граница и соодветни гаранции за заштита.
„Имаме можност за деструктивна акција и реакција со резултати како оние што ги гледаме во Газа. Претпоставувам дека Хезболах тоа го зема предвид“, нагласи израелскиот министер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…
Се проверува авион од Израел на аеродромот…
Авион од Израел слетал во Софија и…