Галетановски: Трет ден не ми се јавиле од полиција – се надевам дека ќе ја пронајдат кукавичко криминалната банда која ми го запали автомобилот

t

Претседателот на градската организација на СДСМ за Скопје и поранешен директор на скопската ЗОО, Ѓорѓи Галетановски, објави фотографија од неговиот запален автомобил, посочувајќи дека полицијата интензивно го барала сторителот.

-Бидејќи многу пораки имам со прашања дали има нешто за кукавициве да одговорам на сите. Не, трет ден не ми се јавиле од полиција, но како што ми кажуваат жители од Кисела Вода, комшии и сопственици на дуќани, инспектори секојдневно чешлале камери и овие два дена интензивно работеле со распити. Ги поздравувам и се надевам дека ќе ја откријат оваа кукавичко криминална банда да го вратат мирот на граѓаните. Казните за овие дела мора да ги зголемат и изедначат со тероризам бидејќи граѓаните освен финансиски оштетени се и психички, напиша Галетановски на фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Галетановски: Трет ден не ми се јавиле…

Претседателот на градската организација на СДСМ за…

Тренчевска: Граѓаните едвај врзвуваат крај со крај,…

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната…

Шукова: Да се формира стручен штаб за…

Гаснењето на депонијата Дрисла со вода и…

СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и им го…

Денеска, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против предлог-законот…