СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и им го свртеа грбот на лозарите
Денеска, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против предлог-законот за изменување на Законот за вино, поднесен од пратеничката група на СДСМ да биде ставен на дневен ред по скратена постапка.
Со тоа, директно застанаа против дополнителната финансиска поддршка за лозарите од 3 денари по килограм грозје и против укинувањето на одредбата која дозволува 8% намалување на откупната цена.
Ова е срамен и нечовечки однос кон 11.000 семејства кои егзистираат од лозарството.
Законското решение што го предложи СДСМ по иницијатива на претседателот Венко Филипче беше на барање на лозарите и е одговор на реалните потреби во време кога се соочуват со ниски откупни цени за винското грозје и зголемени трошоци за производството.
Наместо да застане во заштита на лозарите и да им даде 3 денари субвенција, власта застана на страна на винариите- за нив овозможи 2 денари субвенција.
СДСМ и претседателот Венко Филипче остануваат на страната на лозарите. Ќе продолжиме да се бориме за нивните права, за фер услови и поддршка за секој лозар.
*Соопштение на пратеничката група на СДСМ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…
ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…
Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…
ВМРО-ДПМНЕ: Пред да биде предоцна, Филипче да…
Венко Филипче е во специфична психолошка состојба,…
„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…
Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…