Мицкоски: Очекувам шпекулации, конструкции, подметнувања и невистини од страна на опозицијата за време на изборната кампања

t

Првите избори што ќе ги спроведува новата влада ќе биле исполнети со шпекулации и конструкции од опозицијата. Така тврди премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ја објави коалицијата од 25 партии наречена „Твоја Македонија“.

Премиерот рече дека очекува кампања која ќе изболиувала со „шпекулации, конструкции, подметнувања и невистини од страна на опозицијата“.

Коалицијата е составена од 25 партии од различен карактер, кои во „голема мера го претставуваат колоритот во македонското општество“, рече Мицкоски пред партиското седиште во Скопје. 

Според премиерот, претстојните локални избори се важни за иднината на државата, пред сѐ поради директната надлежност на локалните самоуправи во решавањето на проблемите на граѓаните и затоа не е сеедно каков градоначалник ќе изберат граѓаните.

Тој порача дека ќе се борат за чист воздух, управување со отпадот, користење на обновливи извори на енергија и заштита на природата. Но, и оти ќе ги втемелат зелените политики во секоја општина за здравје и поквалитетен живот на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…

СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…

Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…

СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…