Гардата на Армијата и кралската гарда на Норвешка со заеднички отворен настан
Денеска ќе се реализира отворен настан од гардата на армијата на Македонија и кралската гарда на Норвешка на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје.
На отворениот настан, кој е дел од предвидените меѓуармиски активности за одбележување на јубилејот 30 години од формирањето на Армијата, граѓаните ќе имаат можност да проследат ефективни точки во изведба на кралската гарда на Кралството Норвешка со кои гардата е позната во светски рамки.
Настапот на гардистите, како што е најавено, ќе биде проследен од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и началникот на Вооружените сили на Кралството Норвешка, генерал Еjрик Кристоферсен кој се наоѓа во официјална посета на нашата држава, Амбасадорот на Кралството Норвешка, Јорн Еугене Гјелстад, генералите во Армијата, припадници од Министерството за одбрана и Генералштабот и од Амбасадата на Кралството Норвешка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…