Гардијан: Откриен хакерски тим кој влијаел на изборите во повеќе од 30 земји

t

Тим израелски хакери кои во последните 20 години влијаеле на резултатите на повеќе од 30 избори ширум светот, користејќи хакирање, саботажа и автоматизирани дезинформации на социјалните мрежи, е разоткриен по темелни истраги, пишува лондонски „Гардијан“.

Според весникот, тимот бил предводен од поранешниот оперативец на израелските специјални сили Тал Ханан, кој работел под кодното име „Хорхе“.

Тој и неговиот тим, кои го користеа кодното име „Тим Хорхе“, беа откриени преку тајни снимки и документи до кои „Гардијан“ имал пристап.

Ханан, претставувајќи се како консултант и бизнисмен кој сака да ги одложи изборите во една африканска земја, изјави дека неговите услуги се достапни за разузнавачките агенции, политичките кампањи и приватните компании кои сакаат тајно да манипулираат со јавното мислење.

Тој рече дека услугите на неговиот тим, опишани од други како „црни операции“, се користени низ Африка, Јужна и Централна Америка, САД и Европа.

Во конзорциумот новинари што го истражуваше случајот „Тимот Хорхе“ членуваат новинари од 30 медиуми, меѓу кои францускиот „Монд“, германскиот „Шпигел“ и шпанскиот „Паис“.

За време на тајно снимените состаноци, кои се одржуваа во период од шест месеци, Ханан и неговиот тим разговараа за тоа како би можеле да соберат разузнавачки информации за политичките ривали, вклучително и користење техники на хакирање за пристап до сметките на Gmail и Телеграм. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема проблеми со пензискиот фонд и исплатата…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема проблеми…

После 5 дена: САД им честитаа на…

Соединетите Американски Држави им честитаа на Студентската…

Навроцки го прекина летот за Сенегал по…

Полскиот претседател Карол Навроцки го прекина патувањето…

Туск: „Или ќе ги исфрлите од парламентот,…

Полскиот премиер Доналд Туск ги повика избирачите…

(Видео) Полската опозиција обвинува за „државен удар“

Извештаи за полициска интервенција во полскиот Уставен…