Објавено на:

Гардијан: По предупредувањето од САД, Србија ја повлекува војската од границата со Косово

t

Британскиот весник „Гардијан“ објави дека Србија повлекла дел од своите војници од границата со Косово по предупредувањата на САД дека би можела да се соочи со казнени мерки за, како што го нарече Белата куќа „невиденoто“ трупање на војска и српско вооружување.

Во написот се наведува дека српскиот претседател Александар Вучиќ објавил дека наредил повлекување на војниците.

Во изјава за „Фајненшл тајмс“ тој рече дека секоја воена акција би била контрапродуктивна, наведувајќи дека: „Србија не сака војна“.

Гардијан објави дека официјален претставник на косовската влада потврдил делумно повлекување на Србија во саботата, со отстранување на војниците и опремата што беа преместени на позициите околу границата во изминатите пет дена, оставајќи зад себе уште значителна сила стационирана во областа.

Повлекувањето уследи по јавната изјава за загриженост од Белата куќа, жестокиот апел до Вучиќ од страна на американскиот државен секретар Антони Блинкен и засилувањето на мировните сили на НАТО на Косово, КФОР, со стотици британски војници.

Во разговорот со Вучиќ, Блинкен повика на „итна деескалација“ и враќање на претходниот договор за нормализирање на односите со Косово.

Според Вучиќ, Блинкен рекол дека може да има американски мерки против Србија доколку не го исполни барањето, пишува The Guardian, пренесува Klankosova.tv.

„Реков дека сте суперсила и можете да правите или да кажете што сакате, но јас сум целосно против тоа. Мислам дека тоа би било многу лошо“, изјави српскиот претседател за агенцијата Танјуг.

Во саботата навечер, германскиот амбасадор во САД, Андреас Михаелис, ја опиша ситуацијата како „уште едно буре барут во Европа“ и ризик што мора да се сфати сериозно.

Гардијан пишува дека Михаелис на социјалните мрежи рекол дека имало „многу блиска соработка меѓу Германија и САД во последните неколку денови и часови“, што било „апсолутно клучно за да се избегне понатамошна ескалација“.

„Србија мора да дејствува сега“, рече Михаелис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СНС едногласно одлучи: Вучиќ носител на листата…

Главниот одбор на СНС на денешната седница…

Американската војска тестирала 50 функционери на детектор…

Некои од највисоките американски воени функционери биле…

Италијански весник: САД тајно ја убедуваат Бугарија…

Соединетите Американски Држави „преку таен канал“ ја…

Родители на момче во Србија: Го силувалe…

Родителите на основното училиште „Татомир Анѓелиќ“ во…

Белата куќа на сајтот објави видео-игри, во…

Белата куќа на својот официјален сајт претстави…