„Гардијан“: 83 отсто од убиените во Газа се цивили
Според доверлива база на податоци на израелската воена разузнавачка служба, пет од шест Палестинци убиени од израелските сили во Газа се цивили, што претставува екстремна стапка на убивање цивили, пишува денес „Гардијан“.
Според заедничката истрага на „Гардијан“, израелско-палестинскиот весник „+972“ и хебрејскиот медиум „Локал кол“, до мај, 19 месеци по почетокот на војната во Газа, израелската разузнавачка служба именувала 8.900 борци на Хамас и палестинскиот исламски џихад кои биле убиени или „веројатно ќе бидат убиени“.
Во тој период, според здравствените власти во Газа, израелските напади убиле 53.000 Палестинци, вклучувајќи и борци и цивили.
Од овој број, борците именувани во базата на податоци на израелската војска учествуваа само со 17 проценти од вкупниот број жртви, што укажува дека 83 проценти од загинатите биле цивили.
Овој сооднос на цивили и борци меѓу загинатите е исклучително висок за модерното војување, дури и во споредба со конфликтите кои станаа озлогласени по раширените убиства, вклучувајќи ги и сириските и суданските граѓански војни, според „Гардијан“.
„Овој процент на цивили меѓу загинатите е исклучително висок, особено затоа што тоа трае толку долго“, рече Тереза Педерсон од Програмата за податоци за конфликти во Упсала, која ги следи цивилните жртви низ целиот свет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
22.233 ученици се регистрирани за новата учебна…
Директоратот „Текума“, задолжен за обновата на заедниците…
Нова пратка со 900 тони хуманитарна помош…
Уште една, нова пратка со 900 тони…
„Хамас“ се согласи да ја предаде власта…
„Хамас“ се согласил да ја предаде власта…
Израел нападна полициска станица во Газа –…
ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…
Одбор за мир: Нема повлекување на Израел…
Одборот за мир – иницијативата предводена од…
