Објавено на:

Гасот во Европа поскапе за 171 отсто од почетокот на годината

t

Цената на природниот гас на европскиот пазар од почетокот на годинава пораснала за 171 отсто, покажуваат податоците од стоковите берзи. Референтниот холандски TTF гас на крајот на неделата достигнал 76,36 евра за мегават-час.

Значителен раст на цените е забележан и во Велика Британија, каде што гасот поскапел за 159 отсто. Мазутот на американската берза ја зголемил цената за 115 отсто, додека бензинот поскапел за 94 отсто.

Нафтата „Брент“ во петокот се тргувала за 102,7 долари за барел, што е раст од 69 отсто од почетокот на годината. Американската нафта WTI достигнала 91,26 долари, со раст од 59 отсто. Цената на јагленот пораснала за 39 отсто.

Сепак, цената на нафтата во петокот се намалила откако земјите од Г7, преку Меѓународната агенција за енергија, најавиле пуштање на 100 милиони барели дизел и други резерви на пазарот.

Цените претходно нагло пораснале откако Кина го прекинала извозот на гориво, а дополнително се зголемиле тензиите меѓу САД и Иран.

Според специјализираниот портал EnergyNow, проблемот веќе не е само во суровата нафта, туку и во достапноста на готовите нафтени деривати. Прекините во работата на рафинериите на Блискиот Исток и во Русија ја намалиле понудата на дизел и други горива, создавајќи дополнителен притисок врз цените. објави Скопје1.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија планира да привлече инвеститори во дата-центри,…

Македонија планира да создаде услови за привлекување…

Турски воени авиони повторно го нарушија грчкиот…

Во текот на вчерашниот ден во североисточниот,…

Вучиќ повторно на чело на СНС? Предлогот…

Главниот одбор на Српската напредна партија започна…

Жена е повредена во Ѓорче – непознато…

Скопјанка на возраст од 67 години била…

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и…

Во врска со одлуката на Народната банка…