Гатилов: Нема никакви пречки за извоз на жито од наша страна
Обединетите нации сакаат да го решат проблемот со извозот на жито „во пакет“, односно да извезат украинско жито и во исто време да обезбедат извоз на руско жито, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН во Женева, Генадиј Гатилов. „Нема никакви пречки за извоз на жито од наша страна. Претставниците на Обединетите нации дадоа и конкретни предлози како да се направи тоа, во колкави количини Русија е подготвена да извезува жито и вештачко ѓубриво. Прашањето е што е со украинската страна. Обединетите нации сакаат да го решат овој проблем „во пакет“, односно извоз на жито од Русија, но и украинско жито, што е вториот дел од пакетот“, изјави Гатилов за телевизискиот канал „Русија 24“. Според него, Москва ги продолжува контактите со Обединетите нации кога е во прашање извозот на украинското жито и дека е конструктивна и подготвена да го реши овој проблем што е можно поскоро.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…