Гаши бара разјаснување за случајот со пратениците од ВЛЕН на Ќафасан: „Во прашање е достоинството на избраниците на народот“

t

Претседателот на Собранието Африм Гаши реагираше по информациите дека тројца македонски пратеници биле задржани на граничниот премин Ќафасан кон Албанија. Гаши вели дека е загрижен за постапувањето на албанските влеста со избрани претставници на граѓаните кои се, како што вели, носители на уставен мандат.

„Поради тоа, секое постапување што го засега нивниот авторитет и нивната функција треба да биде во согласност со највисоките стандарди на почит и достоинство што им припаѓаат на избраните претставници на народот.

Имајќи ги предвид традиционално добрососедските, а пред сѐ братските односи меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, верувам и очекувам целосно и транспарентно разјаснување, кое ќе придонесе не само за целосно утврдување на околностите на овој случај, туку и за зачувување на меѓусебната доверба, институционалната почит и духот на соработка што треба да ги карактеризира нашите односи“, вели Гаши во официјално соопштение.

Група политичари на ВЛЕН, координаторот на претничката група Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата Хасим Муртезани, биле задржани еден час во средата попладне на граничниот премин „Ќафасан“ на македонско-албанската граница.

Откако албанските полициски службеници не дале „зелено светло“ за влез во државата на едно од лицата во нивната придружба, целата група македонски политичари, во знак на протест, се вратила назад.

Албанската полиција пак, посочи дека имало забрана за влез во Албанија на едно лице, а останатите одлучиле да не го продолжат патувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Затвор за лажни вести што ќе го…

Со новиот Кривичен законик, кој е испратен…

Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…

Средба на претставници на САД, Русија, Украина…

Нови правила за патување во Европа од…

Граѓаните на Македонија, како и на другите…

Турција планира изградба на втора нуклеарна централа…

Канадската инженерска компанија „АткинсРеалис“ потпиша меморандум за…

Рама за победата на Студентската листа: Србија…

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Србија,…