Гаши до Рокас: Собранието посветено работи на усвојување на законите од реформската агенда
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, на која се разгледани прашањата за евроинтегративниот процес на државата и реформските активности поврзани со членството во Европската Унија.
Како што соопшти собраниската прес-служба, Гаши истакна дека Европската Унија за граѓаните на Северна Македонија не претставува само политички и економски сојуз, туку и заедница заснована врз вредности како демократијата, владеењето на правото, човековите права и солидарноста.
И покрај предизвиците на европскиот пат, според него, Собранието е посветено на усвојувањето на законите од Реформската агенда и на спроведувањето на реформите усогласени со европското законодавство.
„Реформите не се важни само поради евроинтегративниот процес, туку и затоа што се неопходни за подобар животен стандард и просперитетна иднина на граѓаните“, рече Гаши.
Изрази очекување дека наскоро ќе започне одржлив процес на преговори што ќе овозможи напредок кон полноправно членство во Европската Унија, при што ќе бидат заштитени националните интереси.
Според амбасадорот Роказ, процесот на проширување на Европската Унија повторно е високо на агендата, а актуелните глобални геополитички случувања создаваат услови за негово забрзување.
Посочи дека проширувањето ќе овозможи Европската Унија поефикасно да одговори на новите геополитички предизвици и да ја зајакне својата улога на меѓународната сцена.
Двајцата соговорници се согласија дека Собранието во наредниот период ќе има клучна улога во усвојувањето на законите од реформската агенда, кои се неопходни за понатамошен напредок на државата кон членство во Европската Унија, како и за поцелосно искористување на можностите што ги нуди Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен: Русија се обидува да…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Се бара укинување на ветото во ЕУ,…
11 земји членки на Европската Унија побарале…
Кипар со најголем пад на туризмот во…
Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети…
Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал…
Полицијата уапсила 51-годишен маж од тетовско село,…
Нападнат работник на „Градски паркинг“ на паркиралиште…
Вчера во 23:50 часот во СВР Скопје,…