Гаши на Меѓународниот ден на бегалците: Горд сум што државата покажува голема емпатија
Собранието, во соработка со УНХЦР, го одбележа Светскиот ден на бегалците – 20 јуни, со пригоден настан што го отвори претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши.
Во своето воведно обраќање, претседателот Гаши истакна дека оваа година се одбележуваат 30 години од ратификацијата на Конвенцијата за статусот на бегалците на Обединетите Нации, но и цели три децении од формирањето на Канцеларијата на Високиот комесар за правата на бегалците во нашата држава.
Во таа насока, Гаши истакна дека законодавниот дом секогаш ќе биде отворен и ќе има позитивен пристап за сите иницијативи кои значат унапредување на човековите права и подобрување на условите за живот, но и на можностите за развој на сите оние кои поради одредени причини, се нашле во таква незавидна ситуација, да бидат луѓе без дом, без огниште, далеку од сопствената татковина.
Особено сум горд што државата покажува голема емпатија, вели Гаши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…
Моторџија од Србија е тешко повреден во…
„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…
Дете од Дебар е тешко повредено во…
Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…