Гаши: Немаше комеморативна седница за загинатите во Кочани зашто ќе се отвореше прашање зошто немаше и за Модуларната и за Беса Транс
Претседателот на Собранието Африм Гаши на новинарските критики и забелешки дека по пожарот со 62 загинати во Кочани на 16 март Собранието се сокри, пратениците си зедоа две недели одмор и немаше закажано комеморативна седница, рече дека за ова прашање донесена била колективна одлука од сите пратенички групи.
„Сакам да истакнам дека на ова прашање дали да има комеморативна седница или не, му пријдовме со големо внимание. На состанок со координаторите на пратеничките групи јас го поставив прашањето и по дискусијата заклучивме дека ако закажам комеморативна седница за трагедијата во Кочани, ќе се отвори прашање зошто немаше комеморативна и за жртвите во пожарот во модуларната болница во Тетово, за жртвите во несреќата во Бугарија и други”, одговори Гаши на денешниот новинарски брифинг.
Тој негираше дека пратениците биле на двонеделен одмор по пожарот, туку дека оделе на работа.
Прашан дали донираат, Гаши рече дека се договориле секој пратеник сам да донира за настраданите и за повредените и тоа да не биде јавно.
Автобус на „Беса Транс“ удри во оградата на автопатот „Струма“ кај село бугарското село Боснек во раните утрински часови на 23 ноември 2021 година. Веднаш по ударот автобусот се запали, при што загинаа 45 луѓе, а се спасија седум од патниците.
На 8 септември 2021 година избувна пожар во модуларната болница за ковид-19 пациенти во Тетово. Во пожарот загинале 14 лица, од кои 12 биле пациенти, а двајца роднини на пациентите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претставничкиот дом ја блокираше иницијативата за импичмент…
Американскиот Претставнички дом ја запре иницијативата за…
Физички напад во Лабуништа: 36-годишник претепан од…
На 10.11.2026 година, во 09:37 часот, во…
Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Иран произведува 50 балистички ракети месечно
Иран и покрај повеќемесечните воздушни напади на…
ПАЃА ПРОДАЖБАТА НА СТАНОВИ ВО МАКЕДОНИЈА: За…
Пазарот на недвижности во Македонија бележи забавување…