Гаши не се оградува од „личниот став“ на Ибрахими за Федерализација
Алтернатива засега нема изградено официјален партиски став во раководството, но не се оградува од идејата за Заедница на албански општини, вели за Канал 5, претседателот на партијата Африм Гаши.
Во телефонски разговор тој рече дека предлогот по теркот на српско-косовското прашање е личен став на генералниот секретар на партијата Ибрахими, но темата не е затворена и во следниот период ќе биде ставена на маса на централно претседателство за да се настапи со заедничка позиција. Каков е неговиот личен став, Гаши засега не сака да открие.
Иако во првичните изјави генералниот секретар не потенцираше, синоќа во телевизиско интервју тврдеше дека станувало збор за лично политичко убедување за кое досега немало поширока дебата…
-Ставот за Асоцијација на албански општини е мој личен, не на органите на партијата. Меѓутоа, јас сум генерален секретар на Алтернатива и не сум само поединец во партија. Но, за да бидеме прецизни, немало некој состанок во партијата за овој став, кој е само мој политички став, потикнат од моите политички и интелектуални yбедувања.-Зекирја Ибрахими – генерален секретар на Алтернатива.
Денеска Ибрахими на прашање на Канал 5 се дообјасни дека иако станува збор за негова иницијатива, тој пред јавно да ја предложи добил одобрување и од лидерот Гаши.
Дали со преземањето на лична одговорност за иницијативата, таа полека ќе замре, ќе зависи од состанокот на раководството, кој се уште не е закажан.. Но, веќе е извесно дека идејата не доби никаква поддршка ниту меѓу партиите на Албанците, ниту во експертската јавност… Сите беа едногласни дека станува збор за анти-европска и политички мотивирана, која се коси со Охридскиот рамковен договор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнуваат Светите Козма и Дамјан
Бесребреници и чудотворци. Браќа по тело и…
За влакно избегната трагедија во Битола: Излог…
Силен ветер предизвика сериозни штети во Битола.…
Бомба пронајдена во центарот на Даблин, во…
Експерти за експлозивни направи од ирската армија…
Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…
Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…
Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…