Гаши не ја дава: Даути не е разрешена по изгласаната интерпелација против неа

t

Изгласувњето на интерпелацијата за претседателката на Комисијата за социјална политика, Илире Даути, не значи нејзино разрешување од функцијата претседател, повторуваат од кабинетот на претседателот на Собранието Африм Гаши.

„Неточни се изјавите на некои медиуми дека резултатот од гласањето за интерпелација бара разрешување на госпоѓата Даути. Нагласуваме дека гласањето за интерпелација е израз на пратениците и нема обврзувачки правни последици за разрешување и нема правно дејство. Именувањата и разрешувањата се уредуваат со други посебни постапки утврдени во Деловникот на Собранието, законите и Уставот“, велат од Кабинет на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Интерпелацијата за Даути беше изгласана со 61 глас „за“ од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Левица. Од ЗНАМ велат дека соопштението од кабинетот на Гаши е нејасно и дека Даути е разрешена.

„Собранието на Република Македонија и додели одговорност на г-ѓа. Даути, таа несомнено го прекршила Правилникот за работа, додека санкцијата за непочитување на Правилникот е отказ за лицето што го сторило тој прекршок. Според ЗНАМ, со одобрение на интерпелацијата Илире Даути е разрешена и повеќе не може да ја врши функцијата претседател во работното тело на Собранието. Очекуваме опозицијата, која според прелиминарната распределба го доби мандатот да претседава со оваа комисија, во понеделник веднаш да предложи нов кандидат за оваа функција„, велат од ЗНАМ.

Даути денеска реагираше на социјалните мрежи. Таа накратко пишува:

„Да бев Таравари и да те разрешат, можеш да бидеш претседател, но јас сум Илире!„, рече Илире Даути, претседателка на Комисијата за социјална политика.
Интерпелацијата против претседателката на Комисијата за социјална политика во Собранието, Илире Даути, ја поднесе Левица, по нејзиното одбивање да го стави на дневен ред законот за бранителите./Алсат.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…

(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…

Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…

На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…

Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…

Прекината истрагата за Панчо од ДНК

Обвинение за 34 физички и три правни…