Гаши со честитка за Денот на Републиката: „Востанието и АСНОМ се континуитет на стремежот кон слободна, демократска и одговорна држава“
По повод 2 Август – Ден на Републиката, во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, ви упатувам најискрени честитки. Овој ден нè обединува околу вредностите врз кои се гради и зајакнува нашата држава и нè потсетува на заедничката одговорност да ја зајакнеме со дела, визија и посветеност, стои во честитката на претседателот на Собранието, Африм Гаши преку социјалната мрежа Фејсбук.
„2 Август нè потсетува на идеалите за слобода и самоопределување, поставени врз двата столба на нашата историја: Илинденското востание (1903) и Првото заседание на АСНОМ во Прохор Пчински (1944). Овие два историски настана го претставуваат континуитетот на стремежот кон држава изградена врз слободата, демократијата и одговорноста кон граѓаните. Но, тежината на овој ден не се состои само во историјата што ја наследуваме, туку и во примерот што го даваме секој ден. Тој нè повикува да размислиме како ги живееме идеалите врз кои е изградена Републиката, нè мери според начинот на кој ги почитуваме институциите, како ја штитиме демократијата, како се слушаме едни со други и како заедничкиот интерес го ставаме над поделбите“, напиша Гаши.
Собранискиот спикер повика институциите да бидат пример за интегритет, а секој да биде промотор на довербата, правдата и соживотот.
„Затоа, да го искористиме овој ден за да ја обновиме нашата заедничка посветеност: институциите да бидат пример за интегритет, медиумите глас на јавната одговорност, граѓаните активни учесници во демократијата, а секој од нас промотор на довербата, правдата и соживотот. Убеден сум дека, зачувувајќи го духот на соживотот и промовирајќи дијалог, почит и институционална одговорност, ќе продолжиме да чекориме напред кон поразвиена, подемократска и попросперитетна држава, цврсто поставена на неповратниот пат кон европската интеграција. Тоа е најдостоинствениот начин да ја оддадеме почитта кон Република Северна Македонија. Честит 2 Август – Ден на Републиката“, напиша Гаши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…