Гаши тврдеше дека е чист како солза: Kривична пријава за екс-мнистерот од редовите на Алтернатива – го оштетил буџетот за половина милион евра
Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Тетово поднела кривична пријава против Хисни Исмаили, поранешен министер за култура, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата од член 353-в ст.1 и ст.2 од Кривичниот Законик.
-Пријавениот Х. И. во својство на службено лице- министер во Министерството за култура, ја злоупотребил својата службена положба и овластување со неизвршување на својата службена должност на начин што во периодот од 27.06.2019 до 30.08.2020 година, на ден 24.07.2020 година, несовесно постапил на начин што потпишал решенија и склучил договори со правни и физички лица за финансирање на проекти во вкупен износ од 31.824.000 денари, иако бил свесен дека со извршениот ребаланс на буџетот од страна на Владата на Р.Македонија објавен во Службен весник бр.126 од 15.05.2020 година, недостасуваат финансиски средства за веќе преземените тековни обврски во однос на годишните конкурси за финансирање на проекти, се појаснува во соопштението од Финансиската полиција.
Со горенаведените дејствија, се подвлекува, пријавениот Х. И. предизвикал штета на Буџетот на министерство за култура по основ потпишани решенија и склучени договори во износ од 31.824.000 денари.
Исмаили беше и пратеник од редовите на политичката партија Алтернатива, денес дел од коалицијата ВЛЕН.
Хисни Исмаили е чист како солза, велeше претседателот на Алтернатива, Африм Гаши за неговиот сопартиец.
Гаши смета дека Исмаили нема ништо нечесно направено додека бил министер за култура.
„Зли сили сакаат да му наштетат. Буџетот не е оштетен додека тој беше министер. Ако се пронајде вина кај него, јас давам оставка“, изјави Гаши во гостувањето на дневникот на ТВ Сител.
Поранешниот министер за култура кој оваа функција ја извршувал од 27 јуни 2019 до 30 август 2020 година е пријавен за сомневање за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување во врска со договори и анекс договори склучени на 24 јули 2020, а во врска со годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ бара референдум за рудникот за антимон…
Мицкоски ја распродава Македонија. Земјата, водата, рудата,…
Нафтата останува над 100 долари – енергетската…
И покрај падот во последните трговски сесии,…
ВМРО-ДПМНЕ: И талогот пресушува, соопштенијата на СДС…
Талогот полека пресушува, па влегува во сопствени…
Италија испраќа воени бродови во Баб ел-Мандеб…
Италија се подготвува да распореди воени бродови…
„Џемини“ на Гугл хакирал три компании за…
Моделот на вештачка интелигенција „Џемини“ на компонијата…