ГДУ добива конкуренција: Бугарите во Македонија ќе формираат нова партија

t

По неколку здруженија, Бугарите во Македонија најавуваат и формирање на политичка партија. Името на партијата ќе биде „Европски пат“, а иницијатор за формирање на новиот политички субјект во земјава е „Алијанса за македонските Бугари-движење за национално единство и Спас“.

Групата која најавува формирање на партија објави видео каде објаснуваат кои се нивинте цели.

Формирањето на партијата го најави првиот човек на „АМБ – ДНЕС“ Драган Цветковски во видео интервју објавено вчера на официјалниот „Јутуб“ канал на движењето. Според него новиот политички субјект во Македонија меѓудругото ќе се залага за обединување на етничките Бугари во државата, за побрзо внесување на Бугарите во македонскиот Устав но и побрза интеграција на земјава во Европската Унија. Како што вели во интервјуто Цветковски иако тој не е задоволен од работата на Владата во однос на реформите и борбата со корупцијата, идната партија „Европски пат“ ќе придонесе оваа слика да се поправи.

– Од досегашната работа на Владата во Скопје не сме задоволни, поради спората динамика на спроведување на реформите во сите сегменти. Самата политичка партија „Европски пат“, планира да учествува во секојдневната работа на институциите со активни цели и задачи – посочува Цветковски и дополнува дека новата партија „Европски пат“ отпочнува и проект „Влада во сенка” со кој како што наведува Цветковски, тој ги повикува сите политички субјекти во РМ како и сите граѓани од останатите етнички заедници активно да се приклучат во движењето за национално единство и спас на државата.

Инаку ова движење нуди и пристапување кон идната партија на нивниот официјален веб-сајт alijansa.org.

Инаку во Македонија веќе постои бугарска партија, таканаречената ГДУ чиј претседател е Петар Колев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каква трагедија: Најголемиот „борец“ за права на…

Само како трагедија може да се оквалфикува…

Бугари уапсени во Грција поради измама со…

Семејство Бугари е уапсено во Грција поради…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

(Видео) Мицкоски: Немаме, ниту имаме, ниту ќе…

Мицкоски немал, ниту има, ниту ќе има…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…