Гебрејесус уште еднаш повика на прекин на огнот меѓу Израел и Хамас

t

Шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус денеска повторно повика на прекин на огнот меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Појасот Газа.

Гебрејесус на Светскиот самит на влади во Дубаи, рече дека досегашната помош испратена до Појасот Газа, кога станува збор за медицинската опрема, е само „капка во морето на потребите кои растат од ден на ден“.

Тедрос вчера изјави дека крајно загрижувачки се извештаите за плановите на Израел да ги евакуира Палестинците од градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, со цел да ја прошири копнената офанзива.

Тој на платформата Х напиша дека продолжувањето на тие планови ќе има крајно погубни последици за 1,4 милиони луѓе кои немаат каде да одат и речиси немаат место каде да бараат медицинска помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Татко си го тепал малото дете, мајката…

На 29.09.2026 во 21:30 часот во ОВР…

Раперот Дон Џони, кој сними спот во…

Косовскиот рапер Дон Џони се огласи по…

Маж приведен на ГП „Блаце“

На 29.09.2026 во 14:15 часот, на Граничниот…

Трамп: Имаме целосна контрола врз Ормускиот теснец

Претседателот на САД Доналд Трамп денес изјави…

Скопскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во Европа

Македонија се најде меѓу европските пазари со…