Гевгеличанец се обидел да убие адвокат и извршител
Гевгеличанец со пиштол се обидел да убие извршител и адвокат, со кои се сретнал за да договори како да го исплати долгот. Од Обвинителство информираат дека тој се борел со адвокатот, а откако му ветил дека нема да го пријави, побегнал.
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, кое што на 29 октомври годинава, во канцеларија на извршител во Гевгелија, со умисла се обидел да лиши од живот две лица со кои се сретнал по претходен договор за регулирање на начинот и рокот на исплата на неговиот долг. Додека траело излагањето на оштетениот – адвокат, осомничениот ја затворил вратата од канцеларијата, извадил пиштил и го вперил во доверителот – лицето кон кое го имал долгот. По реакција на адвокатот, осомничениот го вперил пиштолот и кон него, но адвокатот успеал да ја фати раката на осомничениот и да го насочи пиштолот кон подот, по што настанала турканица и борење по подот. Во меѓувреме другиот оштетен и вработените од извршителската канцеларија ја напуштиле просторијата. Додека траела борбата, осомничениот со левата рака се обидел да го репетира пиштолот. Откако оштетениот адвокат му ветил на осомничениот дека нема да го пријават, борбата престанала и осомничениот го напуштил местото на настанот“ – се вели во соопштението на ОЈО.
Осомничениот 30 дена ќе остане во притвор, а против него постои основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Убиство од член 123 став 3 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Папата Лав XIV остро против евтаназијата: Она…
Папата Лав XIV денеска ја осуди евтаназијата…
Фон дер Лајен најави помош од речиси…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Малолетник се здобил со тешки повреди откако…
Малолетник е тешко повреден откако бил удрен…
Пет пожари регистрирани денеска до 18 часот
Центарот за управување со кризи информира дека…
Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…
Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…